Бенефитот е Ваш, Искуството е наше, Успехот е заеднички
М3 Вештачење и Консалтинг започна со работа во месец април 2012 година.
Фирмата е “последица” на повеќе од 12 години работно искуство на нејзиниот основач во областа на штети во осигурителниот бизнис.
Основна дејност со која се занимава фирмата е консалтингот од областа на штети во осигурување, со особен акцент на работа со меѓународни штети.
М3 Вештачење и Консалтинг успешно ја менаџира постапката за наплата на штета настаната на било кое возило, не по вина на неговиот возач, во било кој дел од светот. Најголемиот дел од клиентите се македонски граѓани кои имале штета на своите возила во Европа и пошироко.
Составен дел на работењето се и вештачења од областа на машинство, вештачења од областа на сообраќајот, процените на транспортни средства, како и консалтингот врска случување на договори за осигурување.
Роден 1977 година, дипломира во 2001 година на Машинскиот Факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје како прв студент-дипломец од областа на индустриско инженерство и менаџмент.
Веднаш по дипломирањето започнува со работа во ВАРДАР Осигурување Скопје како проценител на моторни возила, машини и опрема, каде работи до 2010 година.
Од 2010 година работи како менаџер на штети во КРОАЦИЈА Осигурување-неживотно осигурување Скопје, каде работи до 2012 година.
Во 2011 година магистрира на Машинскиот Факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.
Во 2012 година го основа М3 Вештачење и Консалтинг.
Основното мото на основачот е: “Секоја промена е добра промена”.
отворени за професионална и пријателска соработка
Во 2012 година го основа М3 Вештачење и Консалтинг. Основното мото на основачот е: "Секоја промена е добра промена".
Тој работи во М3 Вештачење и Консалтинг од декември 2012 година и успешно ги извршува работните задачи за кои е специјализиран.
Нејзината посветеност кон работата е лесно препознатлива.
базирани на експертиза и повеќегодишно работно искуство
Консалтинг услуги при постапка на целосна наплата на штета која било кое возило ја претрпело во било кој дел од светот.
Консалтинг услуги врска штета од било која класа на осигурување.
Вештачење од областа на машинство.
Вештачење од областа на сообраќајот.
Процена на транспортни средства.
Консалтинг услуги врска склучување на договори за осигурување.
Истрага на факти поврзани со штета.
Осигурителна измама: идентификација и превенција.
отворени сме за разговор, консултации и пријателско кафе
М3 Вештачење и Консалтинг
ул. Тодор Чангов бр.59/1б
Скопје, Македонија